Најпријатното изненадување на досегашниот дел од Премиерлигата без дилема е Нотингем Форест кој во месец октомври не знаеше за пораз, ремизирајќи со Челси (1-1) и триумфирајќи над Кристал Палас и Лестер.
За успехот во месец октомври стигна и наградата. Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто е прогласен за тренер на месецот, а Крис Вуд за најдобар фудбалер.
Така Епирито Санто зад себе ги остави Пеп Гвардиола и Арни Слот и воедно го забележа петтото вакво признание во својата кариера. За Вуд пак тоа е прво признание за најдобар фудбалер на месецот, а и првиот Норвежанец кој ја добил оваа награда во елитното англиско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА