Двојна победа на Ѓорческа во Грција

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи во сезоната. Македонката денеска одигра два меча во Грција, еден во сингл, а другиот во дабл конкуренцијата, а во двата славеше победа.

Пласирајќи се во четвртфиналето од турнирот во Хераклион нашата тенисерка славеше против Гркињата Димитра Павлу со 2-0 (6-3 и 7-5), а неколку часа подоцна заедно со Деа Хердзелаш славеа против двоецот Христофи/Ловриќ со 2-0 (6-1 и 6-2) за место во полуфиналето.

Во четвртфиналето од синг конкуренцијата Ѓорческа ќе се сретне со Ловриќ против која славеше во вториот денешен натпревар, додека во полуфиналето од дабл заедно со Босанката силите ќе си ги одмерат против Чириќ-Багиќ и Колмегна.

Се вчитува...