Двојна програма во ист ден за Начевски – Николов

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов со години наназад важат за најдобри ракомети судии во Македонија, но пред нив викендов е несекојдневен предизвик, во ист ден да судат два натпревари од плејоф-лигата.

Саботниот ден пред велигденските празници ќе биде со „набиена агенда“ за Начевски и Николов, кои во 12 часот ќе ја делат правдата на дуелот Бутел – Работник, а во 19 часот ќе судат и на дуелот меѓу Пролет и Пелистер.

Недостигот на судии е проблем за кој алармираше и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, на една од последните седници на Управниот Одбор, посочувајќи дека е неопходно да се создаде и квалитетен судиски кадар во периодот на ракометна експанзија и во младинските и во сениорските лиги.

Се вчитува...