Швацјарката Јасмин Флури е сензационална победничка на спуст трката на Светското првенство во алпско скијање која утрово се возеше во францускиот ски-центар Куршевел. Швајцарката до победата стигна со време од 1:28.03 минута, што беше за само четири стоти делови од секундата подобро од сребрената Австријка, Нина Ортлајб. Бронзата и припадна на втората Швајцарка, Корин Сутер која доцнеше 12 стотинки зад времето на златната сонародничка.
Ова е само втора победа во кариерата за неверојатната Флури, која претходно славеше само на супервелеслаломот во Светскиот куп на домашен терен во Сент Мориц во 2018 година.
Најдобрата во светскиот куп и прв фаворит, Италијанката Софија Гоџа и на ова Светско првенство не стигна до медал откако остана без пласман по еден мал пад на концентрација, откако влезе во една капија во последниот дел од патеката.
Утре на програмата на Светското првенство во Куршевел е и машката спуст трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА