Двојна статива на Елмас и Алиоски, па казната стигна преку Де Кујперс (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Белгија поведува со 0-1 против Македонија во натпревар од 3. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Македонија може да жали што има негатива бидејќи во 24. минута имавме неверојатна двојна шанса во која стативата наизменично ја погодија и Елиф Елмас и Џани Алиоски.

И како што налага непишаното фудбалско правило, веднаш следуваше казна. Белгијците поведоа со 0-1 во 28. минута преку Де Кујпер.

Голот на Белгија може да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...