Германскиот Red Bull фристајл мотокрос возач Luc Ackermann изведе неверојатен скок, слетувајќи со двојно салто наназад помеѓу два камиони во движење!

Дефинитивно клучот за успех на овој несекојдневен и крајно ризичен проект е – тајмингот! Оваа констатација беше потврдена и од главниот актер, 27 годишната професионална фристајл мотокрос ѕвезда, Luc Ackermann: “Ако не скокнев со вистинската брзина и во право време, или ќе се удрев во знакот, или ќе го промашев слетувањето.”
Ackermann, или најмладиот возач кој некогаш успеал да изведе салто наназад со мотор, за потребите на овој проект успеа да скокне од еден на друг камион (во движење) преку 9 метри висока бариера.
Успехот на овој млад возач е совршена комбинација од атлетска прецизност, бестрашна креативност и хируршки прецизни калкулации, што само ја потврдува неговата генијалност и талент.
Во однос на реализацијата на проектот, мора да се напомене дека е склоп од научно достигнување во комбинација со уникатните вештини и знаења на Ackermann.
Зошто? Затоа што Ackermann успеа да достигне брзина од 54 км/ч полетувајќи од камион кој се движи со брзина од 20 км/ч и да слета на друг камион кој се движи со истата брзина.
Притоа, во средина на летот успеа да изведе Tsunami Backflip преку 9 метарска бариера и успешно да слета на вториот камион. Вкупната должина на скокот е 40 метри со 23 метри растојание помеѓу двата камиони, што дозволува временскa рамка за успешна изведба од само 0.5 секунди. Импресивно!
За крај, Ackermann после неверојатниот успех изјави: “Чувството после скокот беше неверојатно… прославував како да нема утре.”

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

