Двојно злато за САД во дисциплината на 4х100 метри на Светското првенство во Будимпешта. Машката и женската штафета беа најбрзи. Мажите со време од 37,38 секунди, додека женската постави време од 41,03 секунди.
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го освои златниот медал во скок со стап. Дуплантис со тоа го одбрани светското злато освоено минатата година со прескокнати 6,10 метри, и не беше ниту блиску до неговиот светски рекорд од 6,22 метри.
Среброто му припадна Ернест Џон Обен од Филипините, а бронзата ја поделија Кертис Маршал од Австралија и Кристофер Нилсен од САД.
Armand Duplantis- What are you made up of?😍 Another global title for Mr. Invincible in Men’s Pole Vault 🏅
The World Record was almost broken. No worries, it will be in Paris for sure🫰#WorldAthleticsChampionships2023 #WorldAthleticsChampionship #wabudapest23 #Budapest2023 pic.twitter.com/Wsf5zZeu1N— Sporty Bubu (@MrutyuM07) August 26, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА