Барселона лесно и убедливо триумфираше на гостувањето против Химки (75-87), не дозволувајќи му на „фенерџијата“ на табелата да приреди изненадување. Химки добро парираше само една четвртина (26-26), за рускиот тим потоа да се соочи со криза во нападот, што Барса го искористи за да стигне до убедлива победа. Швед со 23 поени беше најефикасен во таборот на рускиот претставник, додека први стрелци на Барса беа Хигинс и Курич со по 18 поени.
Анадолу Ефес ја оправда фаворитската улога против Алба, славејќи со 84-76. Гостите од Берлин имаа и предност од осум поени на полувреме, но Ефес ја доби третата четвртина со убедливи 26-9, трасирајќи си го патот до победата. Ларкин, Миџиќ и Моерман со по 15 поени беа најзаслужни за овој триумф на турскиот првак.
Турското славје во Истанбул вечерва беше комплетирано со убедливата победа на Фенербахче над Басконија (96-76). Де Коло со 27 и Весели со 17 поени беа главни адути на тренерот Кокошков при убедливиот триумф, додека прв стрелец на Басконија вечерва беше Петерс со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА