Двократниот олимписки шампион во триатлон, Алистер Браунли објави дека ја завршува својата професионална кариера.
Британецот стана првиот триатлонец во историјата, кој успеал двапати по ред да слави на Олимписките игри. Златото го освои во Лондон во 2012 година, а го одбрани четири години подоцна во Рио.
„Време е да го затворам ова поглавје од мојата кариера. Треба да се свртам кон други предизвици“, напиша Браунли.
Првиот голем успех го постигна во 2006 година, кога стана јуниорски шампион на Европа во дуатлон. Покрај две олимписки злата, четири пати беше европски и светски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА