Двоцифрен пораз на Охрид во Романија за елиминација од ЕХФ Купот

Охрид претрпе елиминација во третото по ранг клупско натпреварување во ракометна Европа, ЕХФ Купот откако загуби во реванш дуелот против романската Потаиса Турда со 39-29.

Охриѓани на гостувањето во Романија заминаа со предност од шест гола (31-25) по првиот меч одигран во „Билјанини Извори“, но романскиот тим ја анулираше негативата, славеше со десет разлика и се пласираше во следната фаза.

По изедначеното отварање на натпреварот и во поголем дел од првите 30. минути игра „гол за гол“, Потаиса Турда направи со серија од 2-0 успеа да замине на одморот со предност од 17-14. Добрата игра на романскиот тим продолжи и на отварањето на второто полувреме, од минута во минута домаќините ја зголемуваа позитива која во 47. минута стана и двоцифрена (29-19), а секој обид на охриѓани да се вратат во мечот беше успешно одбиен од разиграните Романци.

Со по пет голови лидер на Охрид беа Ојлески и Орјоникидзе, додека за Потаиса Турда 15 голови постигна Гхита.

Се вчитува...