Контроверзниот казахстански тенисер, Александар Бублик кој е познат по својот темперамент и неконвенционален стил на игра имаше нов испад на АТП турнирот во Монпелје. Во текот на мечот со Швајцарецот, Хенри Лаксонен, Казахстанецот го изјави следното.
„Е**но го мразам тенисот, со целото свое срце. Е**но го мразам, бидејќи е најодвратниот спорт во светот. Го мразам секој ден во кој морам да играм. Мразам да се борам“, изјави Бублик.
Бублик има 22 години и во моментов се наоѓа на 54. место на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

