Е, ова боли – директно во препони со 164 км/ч (ВИДЕО)

Примачот на безбол тимот Ст.Луис кардиналс, Џадиер Молина, добро ќе го запамети натпреварот против Чикаго. Бејзбол играчот доживеа болна незгода – топчето фрлено со брзина од 164 км/ч заврши точно меѓу неговите препони.

Молина беше подготвен за фаќање, но играчот на Чикаго, Крис Брајант, го допре топчето и го испрати на незгодно место. Несреќниот Молина, падна како покосен, превиткувајќи се во болка.

„Тоа беше гадна работа, и тоа она кога не се чувствуваш подобро веќе наредниот ден. Болно беше и да се гледа. Едноставно, Молина не можеше ни да се помрдне. Само се обидуваше да додје до здив“ – изјави менаџерот на Ст.луис кардиналс, Мајк Матени.

35-годишниот Молина веднаш беше пренесен во болница и итно опериран поради повреда на карлицата со трауматски хематом. По операцијата го чека најмалку еден месец пауза за опоравување од незгодната повреда.

Се вчитува...