Италијанецот Џанмарко Тамбери се соочува со огромни проблеми да го брани олимпиското злато во скок во височина освоено пред три години во Токио откако денеска објави дека подготовките му се целосно нарушени и морал да биде примен во болница.
Причина – камења во бубрег поради кои Тамбери чувствувал огромна болка и на крајот морал да биде хоспитализиран.
„Неверојатно, ова не може да биде вистина… Почувствував како нешто ме пресече на половината, завршив во возило за итна помош па во болница, ултразвук, крвна слика… Дијагнозата ми е камења во бубрег. И сега, на три дена до настанот за кој жртвував буквално се во овие три години, јас лежам во кревет, беспомошен, со температура од 38,8 степени“.
Тој се уште се наоѓа во татковината, но порачува дека е решен по секоја цена да оптатува во Париз и да настапи на ОИ, во квалификациите за неговата дисциплина што се закажани за среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА