Навивачите од целиот свет на фудбалскиот Мундијал во Русија пијат многу пиво, па домаќините на СП се соочи со неочекуван проблем – недостаток на овој пијалок.
Напомош на Русите им дојде производител на пиво од Австрија. Пиварата од Унтерадлберг деновите во Русија испрати 20 шлепери со пиво.
„Испраќаме 840.000 лименки или 420.000 литри пиво во Русија“ – наведено е во соопштението од австриската пивара.
Но, тоа е само за почеток. Директорот за продажба и маркетинг во австриската пивара, Бернард Посер, најави дека во иднина уште многу пиво од оваа пивара ќе биде извезено во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА