Е. Пелистер 2 до голема победа над МРК Куманово

Ракометарите на Е. Пелистер 2 стигнаа до голема победа во борбата за плеј-оф во домашниот шампионат откако вечерва во интересен натпревар славеа против МРК КУманово со 30-28 во меч од 14. коло од Суперлигата.

Домаќините одиграа подобро во првиот дел, па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со позитива од 19-15. Во вториот дел гостите заиграа подобро, но немаа сила за ништо повеќе од пораз од 30-28.

Бен Махфуд со 11 гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Черубим и Ончев постигнаа по шест гола.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...