Повратникот во ракометната Суперлига на Македонија, Еурофарм Пелистер 2, го комплетира ростерот со ракометар кој беше дел од младинската екипа, која го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.
Во тој правец е новиот четиригодишен договор на кружниот напаѓач Иван Велески. Ова 17-годишно момче го потпиша првиот професионален договор со својот матичен клуб и од крајот на овој месец ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките.
Се работи за момче, високо 190 сантиметри, кој се истакна во младинскиот шампионат на Македонија и на меѓународна сцена и сега првпат ќе добие шанса во сениорскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

