Екипата на Е.Пелистер 2 со 31-26 ја победи екипата на Радовиш, која го запиша и десетиот пораз во десетиот натпревар во Супер-лигата.
Освен во првите мигови кога Радовиш имаше предност од 0-1 и 2-3, водството потоа го презедоа домашните ракометари, и го држеа до крај. Како одминуваше времето, битолчани ја зголемуваа разликата, но во еден миг Радовиш стигна до -2 (27-25). Сепак, со брзи четири гола, заминаа домаќините на +6 на две минути до крајот, и приказната беше јасна.
Најефикасен кај победникиот тим беше Мохамед Азиз Бен Мафуд со 10 голови. Кај поразениот тим Здравко Постолов постигна осум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

