Еурофарм Пелистер 2 победи во Куманово, но и покрај тоа не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот со оглед дека Струга го совлада Аеродром на домашен терен.
Куманово имаше добар старт, поведоа со 5-2, меѓутоа тоа беше сигнал за гостите да заиграт подобро, па направија веднаш рпесврт. Со мали падови, Е.Пелистер 2 го држеше водството и го задржа до крајот.
Ракометарите на Струга ја совладаа екипата на Аеродром со 34-23 во последното коло во регуларниот дел од Супер Лигата, и со тоа обезбедија пласман во плеј-офот и ќе разигруваат за титулата. На стружани доволен им беше и бод, но на крајот успеаја со триумф да го потврдат пласман во следната фаза.
Во целиот тек на мечот домашните имаа предност, и на крајот го задржаа. Најефикасен беше Бошњак со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА