Десното крило на младинската репрезентација на Македонија, Бојан Даневски, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за 21-годишен кумановчанец, кој до пред еден месец настапуваше за ГФК Тиквеш.
Даневски ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десно крило и ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на крајот од месец јули на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.
Неговото претставување е предвидено веднаш по почетокот на подготовките на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

