Е. Пелистер 2 со триумф над Пролет ја затвори суперлигашката 2025 година

Ракометарите на Е. Пелистер 2 ја завршија годината со победа над Тинекс Пролет совладувајќи го скопскиот ривал со 32-25 во 18. коло, воедно ставајќи крај на серијата од четири натпревари без триумф со што остана во игра за место во плеј-офот.

Битолчани одлично го започнаа натпреварот стекнувајќи предност со мини-серии. Истите донесоа позитива од 16-9 на полувремето, предност која гостите не успеаја да ја анулираат и покрај подобрата игра во нападот во вторите 30. минути.

Мохамед Азиз Бен Махфоудх со 10 голови беше лидер на Е. Пелистер 2, додека Давор Палевски со седум голови беше лидер на Тинекс Пролет.

Се вчитува...