Е. Пелистер 2 со Зарков на клупата ќе брка камбек во елитата

Раководството на Е. Пелистер реши да врати на клупата на втората екипа добро познато име, се со цел експресно да биде обезбеден камбек во Супер-лигата по шокантното испаѓање во баражот со Радовиш.

Нов предводник на вториот тим на битолчани ќе биде поранешниот македонски репрезентативец Александар Зарков, кој и во минатото работеше со оваа екипа, а сега ја прифати понудата летово да се врати на чело на Е.Пелистер 2.

„Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 го означува својот нов проект, својот нов почеток. За остварување на целта, која е враќање во СУПЕРЛИГА, тимот му е доворен на легендарно име од нашата историјата. За нов тренер на Еурофарм Пелистер 2 е назначен Александар Зарков.

Зарков по кратката епизода во Грција се врати во Битола и ќе продолжи да работи на проектот со млади ракометари. Тој има акумулирано тренерско искуство во нашите лиги, а посебно во работа со ракометари во развој. Неговото претставување е предвидено за 24 јули, кога е официјалната прозивка на екипата на Еурофарм Пелистер 2“, објавија битолчани на официјалната клупска страница на фејсбук.

Се вчитува...