Ракометарите на Е. Пелистер 2 забележаа нова победа во плеј-аутот од Суперлигата откако денеска на домашен терен славеа против екипата на Струга со 38-22 во натпревар од 4. рунда од разигрувањето за опстанок.
Гостите од Струга одиграа одлично во првото полувреме во кое успеаја да бидат во егал со фаворитот и на пауза да заминат со реми 15-15. Сепак, разликата во квалитет се покажа во вториот дел во кој домаќините на крајот без проблеми стигнаа до убедлив триумф од 38-22.
Ненад Белистојаноски со осум гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Наум Костов постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

