Веднаш после победата на Вардар, триумф оствари и Еурофарм Пелистер, совладувајќи го тимот на Бутел со 33-21 на гостувањето.
Битолчани брзо го презедоа водството, и не го испуштија до крајот на мечот, и само го зголемуваа, за на полувреме да заминат со +6 голови предност. Во вториот дел Пелистер дојде и до +10 на неколку пати, во финишот кога се веќе беше решено и да ја зголеми и да дојде до убедлив триумф.
Дејан Манасков кај победничкиот тим беше најефикасен со шест голови, додека кај поразениот тим ист број на голови постигна Филип Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА