Со три победи од исто толку натпревари по групната фаза, ракометарите на Е. Пелистер ќе го очекуваат финалето на традиционалниот турнир „Струга 2020“.
Во последното коло од групната фаза битолчани без никакви проблеми славеа и против домаќинот Струга со 28-16.
Уште по првото полувреме беше сосема јасно дека Е. Пелистер ќе има само еден тренинг натпревар против Струга, на крајот заокружен со победа од дванаесет гола разлика. Во финалето во Струга, „пелистерци“ ќе се соочат со најголемиот ривал за титулата во новата сезона, екипата на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА