Е. Пелистер без проблеми против Струга во првиот меч по отказот на Гарабаја

Ракометниот шампион на Македонија очекувано славеше против Струга со 22-42 во првиот натпревар по раскинувањето на договорот со тренерот Рубен Гарабаја кое беше обелоденето порано денеска како дел од 15. коло од Суперлигата.

Битолчани подобро го отворија натпреварот и веќе на пауза меѓу двете полувремиња имаа сигурна предност од 14-20. Во вториот дел „зелено-белите“ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 22-42.

Петар Атанасијевиќ со 12 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Стефан Атанасовски постигна девет гола.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...