Е. Пелистер без шанси против расположената Висла

Ракометарите на Е. Пелистер го претрпеа и третиот пораз во низа во Лигата на шампионите откако вечерва на гостински терен загубија од Висла со резултат 36-25. Македонскиот првак најавуваше дека ќе се обиде да стигне до изненадување во Полска, но тоа беше невозможна мисија, полскиот состав доминираше на теренот и рутински стигна до победата.

Израмнето беше во почетните десетина минути, а „пелистерци“ поведоа со 4-5 благодарение на извонредниот Никола Митревски кој одбрани неколку зицери во почетните минути од натпреварот. Висла поведе со 7-5, но Пелистер повторно имаше одговор, врза три гола во низа и поведе со 7-8 преку Манасков. За жал, тоа беше се што македонскиот тим успеа да стори бидејќи до крајот на полувремето можеше да се проследи доминација на Висла, која предводена од одличниот Ричардсон (шест гола од шест обиди во првиот дел) на одмор замина со водство од 18-14.

„Пелистерци“ се држеа само неколку минути во вториот дел, до 19-16, кога Висла направи ова серија од 3-0, стигна до „плус шест“ и си го трасираше патот до победата. До крајот разликата само се зголемуваше за конечен триумф на Полјаците од 36-25.

Мелвин Ричардсон со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај пелистерци Дејан Манасков заврши со седум гола.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...