Еурофарм Пелистер стигна до голема победа во борбата за титулата во домашниот шампионат откако вечерва успеа да го совлада Тиквеш среде Кавадарци и да му го нанесе првиот пораз на домашен терен во плеј-офот (21-24).
Актуелниот шампион подобро го отвори натпреварот и многу брзо стигна до позитива од два гола (1-3). Некое време домаќините му парираа на фаворитот, кој за првпат до три гола предност стигна по две третини игра во првиот дел кога поведе со 6-9. До крајот на првото полувреме битолчани ја чуваа оваа предност и на пауза заминаа со позитива од 10-13.
Домаќините подобро го отворија второто полувреме и некаде во 45. минута успеаја да стигнат на само минус еден 16-17. Во следниот период избраниците на Бранислав Ангеловски успеваа да ја држат предноста од еден до два гола, па откако се одбранија на две и пол минути до крајот тргнаа во напад со позитива од 21-23. Пелистер не успеа да реализира, но успеа да украде дури минута и половина од времето, а Тиквеш на една минута до крајот се уште да има негатива од 21-23. Кавадарчани не реализираа, а Емилија Ѓорѓовски со својот прв гол ја запечати победата на битолчани 21-24. Богдан Радивојевиќ со седум погодоци беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Анастасовски и Мијатовиќ постигнаа по пет гола.
Во интересен натпревар пак во плеј-аут фазата Вардар Неготино на домашен терен стигна до вредна победа над Голден Арт со минимални 27-26. Лазар Адамовиќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Христијан Милошески постигна девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА