Е. Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер вечерва ги стартуваше подготвките за новата сезона во која покрај на домашен план, тие ќе ја претставуваат нашата држава и во Лигата на шампионите.

Првиот собир во арената „Боро Чурлевски“ во Битола го имаше новиот тренер на пелистерци Рубен Гарабаја. На денешниот тренинг недостигаа новите засилувања Ибрахим Калед Валис, Ник Хенигман и Рудолф Хекберт кои ќе се приклучат викендов за медицинските тестови.

Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).
Првите официјални натпревари Еурофарм Пелисгер ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември.

Се вчитува...