Шампионот на Македонија, Е. Пелистер денеска ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Без девет репрезентативци, кои ќе настапат на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, пелистерци одржаа работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“, под палката на асистентот Алексо Лембанов, ракометарите ја одработија првата тренинг сесија.
Деновиве се очекува пристигнувањето на новиот тренер Стевче Алушовски и комплетирање на ростерот со доаѓањето на Алем Хаџиќ и Саид Хаидарирад. Во текот на месец јануари Е. Пелистер ќе се подготвува во Битола и ќе одигра неколку тест натпревари.
Првиот официјален натпревар во Суперлигата тимот од Битола ќе го одигра на 7. февруари против Е. Пелистер 2. Лигата на шампионите продолжува на 19. февруари со домашниот дуел со Висла Плоцк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

