Ракометарите на Е. Пелистер извојуваа убедлива победа од 27-34 (14-16) на дуелот со Металопластика по која го осигураа второто место во групата и пласманот во четвртфиналето од СЕХА-лигата.
Битолчани сосема заслужено триумфираа на мечот во Шабац кој потсети на некогашната голема дерби-ракометна пресметка од некогашна Југославија.
Најдобар во македонскиот состав беше Елмир Граџан со ефект од 7 гола од исто толку обиди. По пет погодоци постигнаа Периќ и Мандалиниќ, а одлични 14 одбрани имаше Чаневски.
Кај домашните се издвои Матеја Додиќ со седум гола, а по пет постигнаа Иваниќ и Тодоровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА