Е. Пелистер го раскина договорот со Цикатиќ

Македонскиот ракометен шампион, екипата на Е. Пелистер спогодбено го раскина договорот со ракометарот Кајо Цикатиќ, уште пред неговиот планиран истек.

Цикaтиќ дојде во Битола од хрватскиот клуб Горица во јули минатата година, беше најавуван како големо засилување но се покажа како трансфер-промашување, по што разделбата беше неминовна.

Низ взаемен договор ракометарот и клубот одлучија да ги раздвојат своите патишта по само шест месеци соработка.

Се вчитува...