Ракометарите на Е. Пелистер ќе го предизвикаат Вардар во финалето на Купот на Македонија, откако вечерва во полуфиналето славеа над домаќинот на фајнал-фор турнирот ГРК Охрид со 27-23.
Второто полуфинале донесе неверојатно тврда игра на двете страни. Домаќините на Ф4 турнирот одиграа неверојатно во дефанзива, па по дваесет минути на фаворитот му дозволија само пет гола, а резултатот на семафорот изнесуваше 5-7. До крајот на првиот дел двата тима играа во егал, па охриѓани на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со позитива од 11-12.
Се играше во егал и во вториот дел некаде до 40 минута, кога на сцена стапи неверојатниот Никола Митревски и со неколку одбрани успеа да им помогне на своите соиграчи во 44. минута да стигнат за првпат до плус три 18-15.
Охриѓани заигра подобро во следниот период, па во последните десет минути натпреварот влезе во егал 20-20. Битолчани возвратија со три гола во низа и на пет минути до крајот на мечот повторно имаа плус три (23-20).
До крајот „зелено-белите“ рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 27-23. Филип Кузмановски со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените со ист број голови заврши Гоце Ојлески.
Финалето е закажано за утре со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

