Ракометарите на шампионот Еурофарм Пелистер дојде до сигурна победа во дуелот со Бутел со 37-19, покажувајќи доминација во текот на целиот тек на натпреварот. Гостите беа рамноправни само во почетните мигови од првиот дел, а потоа актуелниот првак ја покажа својата сила, и на одмор замина со 17-12.
Како одминуваше времето во вториот дел, така домашните само ја зголемуваа разликата. Во второто полувреме беа уште поефикасни, и го добија со 20-7 за убедлива победа.
Костески кај домашниот тим се истакна со седум погодиц, додека кај поарзениот тим на Бутел најефикасен беше Спасовски со пет голови.
Минимална победа оствари тимот на Мулти есенс кој на домашен терен го совлада Прилеп со 31-30. Домашните можеа порано да го решат противникот, меѓутоа не успеаја, и на крајот до последен миг стравуваа за бодовите. Омерагиќ со девет гола беше најефикасен на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА