Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер откако постигна договор за продолжување на соработката со браќата Атанасијевиќ денеска задржа уште еден голем талент на долги стази – Мирче Калајџиески кој стави потпис на договор со важност до 2029 година.
Дваесетиедногодишниот среден бек по пристигнувањето од Словенија во Битола веднаш се наметна како еден од најдобрите на својата позиција со настапите во дресот на Е. Пелистер 2.
Од оваа сезона е член на Е. Пелистер и веќе е стандарден член во тимот предводен од Рубен Гарабаја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

