Е. Пелистер ја продолжи победничката низа во македонското елитно ракометно првенство триумфирајќи на домашен терен против Радовиш со преубедливи 47-27 во 9. коло.
Битолчани ја потврдија фаворитската улога уште од самиот старт, добивајќи го првото полувреме со двоцифрена предност (22-11), а продолжија и во исто темпо и во вторите 30. минута со уште подобра игра во нападот со 25 постигнати, наспорти 16 примени голови.
E. Пелистер на овој натпревар настапи со комбиниран тим со отсуство на речиси сите првотимци (Митревски, Хaидаридад, Пешевски, Хосни, Кузмановски, Тајник, Манасков, Цехте, Абутовиќ, Хенингман), но и тоа не ги спречи да одиграа перфектно.
Во нивно отсуство лидери на „зелено-белите“ беше Алем Хаџиќ со единаесет голови, Хакбарт додаде уште осум, а на спротивната страна по седум гола постигнаа Атанасов и Постолов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

