Е. Пелистер им дели сезонски билети на клупските легенди

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер се одлучи за потег кој ќе наиде на големо задоволство на навивачите одлучувајќи се да им додели сезонски билети на легендите на клубот.

Како што стои во соопштението на битолчани, легендите кои низ кариерата настапуваа за РК Пелистер, РК Пелагонија, РК Работник, РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер со најмалку 101 натпревар за битолските клубови ќе гарантирано место во салата „Боро Чурлевски“ за натпреварите на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2.

Се вчитува...