Е. Пелистер испрати кратка порака по неочекуваниот пораз од ГОГ Гудме: „Пораз од кој…“

И покрај силната желба, и покрај фаворитската улога, и покрај амбициите на секој поединец за триумф пред своите навивачи, Е. Пелистер загуби со 28-31 во синоќешниот натпревар од 3.коло во Лигата на шампионите од дански ГОГ Гудме.

„Чкембари“, на својот 40-ти роденден, создадоа извонредна атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, но „пелистерци“ ниту тоа не успеаја да го искористат за да дојдат до победата.

Па, на крајот од Е. Пелистер, осврнувајќи се на мечот, испратија само една кратка порака: „Пораз од кој треба да извлечеме поуки!“

Се вчитува...