Е. Пелистер лесно го освои Кавадарци

Ракометниот првак Е.Пелистер, немаше потешка задача во дуелот против Тиквеш во Кавадарци. На крајот битолчани славеа убедлив триумф од 43-24 на ова гостување.

Освен проблемите во почетните четири минути, кога Тиквеш држеше „егал“, откако го презеде водството гостинскиот тим на истекот на четвртата минта, не го испушти до крајот, со тоа што го зголеми за на крај да слави убедливо со 19 голови предност.

Дејан Манасков постигна шест голови, додека по пет постигнаа Хацкбарт, и браќата Атанасијевиќ. Кај Тиквеш најефикасен беше Мијушковиќ кој уфрли шест голови.

Се вчитува...