Ракометарите на Е. Пелистер загуби во 5. коло од Лигата на шампиони, на гостувањето против полскиот Висла Плоцк со 26-18 (13-11).
Битолчани по освоениот бод со Спортинг на претходниот дуел, сега не успеаја да дојдат до нови бодови, доживувајќи го и четвртиот пораз сезонава во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Македонскиот лошо почна дозволувајќи им на домаќините да поведат со 9-2 по 14 минута игра. Потоа тешко беше враќањето во игра, но избраниците на Бранче Ангеловски сепак се вратија на полувремето за 13-11.
Во второто полувреме Висла Плоцк отвори со серија од 4-1 за 17-12, а на 15 минути пред крајот веќе беше и 20-14. По сето тоа веќе беше јасно дека натпреварот полека се губи, за да домашните во 50.минута дојдат и до предност од 23-15. Пелистер успеа да намали на 23-17, но немаше време за нешто повеќе, за конечен пораз од 26-18.
Најефикасен кај Е. Пелистер беше Филип Кузмановски со пет гола, а Урош Бурзаш постигне четири гола. Манасков и Радивојевиќ постигнаа по три погодоци. Кај Висла Плоцк се издвои Ловро Михиќ со 8 гола.
Следен предизвик за Пелистер во Лигата на шампионите е Веспрем, на 24 октомври во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА