Еуфоарм Пелистер и официјално е новиот ракометен првак, откако екипата на Вардар одигра нерешено вечерва на гостувањето во Кавадарци 32-32. Со тоа битолчани се стекнаа со недостижна предност пред „црвено-црните“ на едно коло до крајот на Супер-лигата. Од друга страна пелистерци се изборија за победа во Охрид со која и дефинитивно станаа прваци на Македонија.
Тиквеш му направи многу проблеми на тимот на Владо Недановски, а во еден момент во вториот дел имаше предност од пет разлика, која беше прокоцкана, па во финишот дури и Вардар неколку пати имаше водство. Меѓутоа во последните секунди од мечот „црвено-црните“ примија гол, а во нападот не успеаја да дојдат до бодовите, па така Тиквеш му овозможи титула на Битола.
Страхиња Симиќ со 10 гола беше најефикасен, додека кај Вардар Манасков постигна исто толку.
Еурофарм Пелистер ја заврши работата со победа во Охрид. Пелистерци цело време имаа предност, и на крајот успеа да ја задржи за конечен триумф. Битолчани на крајот триумфираа со 25-28, а најефикасен беше Кузманоски со девет гола.
Во Битола вечерва се очекува шампионско славје, иако јасно беше дека со победата над Вардар во Битола, Пелистер ќе го симне Вардар од тронот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА