Иранскиот голман Сеид Хеидарирад е пред потпис со македонскиот шампион Е. Пелистер.
Како што пренесуваат српските медиуми, веќе е извесен договорот на популарниот „Нинџа од Иран“ со македонскиот тим. Хеидарирад беше еден од клучните ракометари на Партизан во освојувањето на шампионската титула по 13 години пауза.
Иранецот, кој има и романски пасош, претходно беше дел и од романскиот Динамо Букурешт.
Битолчани на голманската позиција ги имаат и Никола Митревски и Давид Брестовац, но веќе и претходно најавија ангажман и на трет голман. „Пелистерци“ досега ги ангажираа и пивотот Калед Валид, десното крило Рудолф Хекбарт, десниот бек Анжеј Видомски, левиот бек Ник Хенигман и средниот бек Мирче Калајџиески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

