Е. Пелистер потврди: Раул Алонсо заминува од Битола и се сели во Германија

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер во новата сезона ќе биде предводен од нов стратег откако Раул Алонсо побара прекин на договорот со битолчани со цел да се врати назад во Германија каде се очекува да биде промовиран како нов тренер на бундеслигашот Лајпциг.

Оваа информација денеска ја потврди и Е. Пелистер преку објава на социјалните мрежи на која му се заблагодари на шпанскиот стратег за успешната соработка.

Се вчитува...