Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер со реми стартуваше на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако денеска во интересен натпревар одигра нерешено против Тримо Требње 32-32.
Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса подобри беа гостите од Словенија кои по 30 минути игра имаа позитива од 14-15.
Вториот дел се играше гол за гол, а натпреварот влезе во неизвесна завршница. Таму пелистерци на шест секунди до крајот стрелаше за 32-32 со што Еурофарм Пелистер успеа да извади реми на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

