Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер продолжи со победите во домашниот шампионат, откако вечерва без поголеми проблеми славеше против Бутел со 31-21 во меч од 12. коло од Суперлигата.
Битолчани на рутина почнаа уште од првата минута, па сето тоа беше доволно за водство од 16-10 на полувреме. „Зелено-белите“ во вториот дел го исконтролираа резултатот за конечен триумф од 31-21.
Петар Атанасијевиќ и младиот Андреј Видомски со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Димитар Узумчев постигна шест гола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

