Актуелниот шампион на Македонија без поголеми проблеми забележа нов триумф во домашното првенство откако денеска во последниот меч од 20. коло во Суперлигата славеше против „фенерџијата“ Радовиш со убедливи 39-24.
„Зелено-белите“ тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот па веќе на пауза имаа убедливи плус седум 21-14. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 39-24.
Со оваа победа пелистерци направија чекор напред кон освојување на првото место и предност пред плеј-офот во домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

