Е. Пелистер се засили со бразилскиот репрезентативец Хекберт

Тимот на Еурофарм Пелистер, од идната сезона се засили со бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт. Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство потпиша договор на две сезони и од почетокот на сезоната 2025/26 ќе се приклучи во новата средина.

Се работи за 31-годишен ракометар со многу одличја во дресот на бразилската репрезентација. Рудолф е двоен шампион на Јужна Америка, медалист од Панамериканските игри и стрелец на преку 300 гола за „кариоките“. Во клупскиот ракомет настапуваше во Бразил и Шпанија, а во АСОБАЛ лигата ги носеше дресовите на Ла Риоја од Логроњо, Хуеска и Куенка, клубот од кој доаѓа во Битола.
Рудолф потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на почетокот од подготовките за следната сезона.

Се вчитува...