Египетскиот репрезентативец Ибахим Калес Валид е нов член на македонскиот првак Еурофарм Пелистер. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ.
Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.
Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

