Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер потпишувајќи договор до јуни 2024 година.
20-годишниот Кизиќ, кој доаѓа од Вардар, ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција. Висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната.
Како што информираат од битолскиот клуб, официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА