Е. Пелистер со еден играч во идеалниот тим на колото во ЛШ

Е. Пелистер одигра импресивен меч и заслужено славеше над Динамо Букурешт, македонските репрезентативци Митревски и Кузмановски се најдоа во топ-листите на најдобри интервенции и најубави голови, а нашиот првак има свој претставник и во идеалниот тим на изминатата рунда од елитното европско натпреварување.

Идеалниот тим на ЕХФ ЛШ за оваа рунда го избираше поранешниот словенечки репрезентативец Лука Звижеј, а во него се најде место и за Богдан Радивојевиќ како најдобро десно крило.

За МВП на колото е избран Феликс Клар од Магдебург, а во идеалниот тим покрај Клар и Радивојевиќ се наоѓаат уште и Грбавар, Јул-Ласен, Мартим Коста, Пироч и Шипжак.

Се вчитува...