По само 24 часа откако го освоија Суперкупот, ракометарите на Е. Пелистер триумфираа на гостувањето против Бутел на стартот од новата сезона во ракометната Суперлига.
Лесна победа за битолчани од 20-29, со која само почетно ги најавија амбициите за одбрана на шампионскиот трофеј и во новата сезона.
Натпреварот се одигра нешто порано од предвиденото викенд коло, бидејќи Бутел утре заминува за Луксембург на натпреварот од ЕХФ Купот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Петар Атанасијевиќ со 10 гола, а кај Бутел најефикасни беа Узунчев и Михајловиќ со по четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

